Ништо од меч во Автокоманда, Скопје на друг терен ќе го пречека Тиквеш!

Стигна потврда дека мечот меѓу Скопје и Тиквеш ќе се игра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ при Фудбалската федерација на Македонија.

Првично беше планирано дуелот да се игра во Автокоманда, но овој стадион уште не е подготвен за мечевите од Првата лига.

Ова е лоша вест за навивачите на Скопје кои ќе треба да се стрпат уште одредено време за да го гледаат нивниот тим во нивната населба.

Мечот меѓу Скопје и Тиквеш се игра утре (петок) со почеток од 17 часот.