Прекрасен гест: Трабзонспор го доведе во Турција најголемиот фан на Салах (ВИДЕО)
Исак го привлече вниманието со својата љубов кон Ливерпул и Салах, поради што англискиот клуб му приреди неколку посебни моменти, вклучително и средби со Салах и други фудбалери.
Кога Салах летово го напушти Ливерпул и премина во Трабзонспор, Исак јасно стави до знаење дека неговата поддршка за фудбалерот ќе продолжи.
Челниците на Трабзонспор дознаа за тоа и одлучија да му овозможат повторно да го види својот фудбалски херој. Клубот организирал Исак и неговото семејство да отпатуваат од Англија во Трабзон и да му приредат изненадување на Египќанецот кој не бил информиран дека Исак доаѓа во Турција.
Видеото на клубот го следи патувањето на семејството и нивното пристигнување во Турција, а потоа го прикажува Исак како пристигнува на тренинг-центарот на Трабзонспор.