Сити најде нов бисер во Аргентина - може да го „украде“ за само 15 милиони евра!
„Граѓаните“ внимателно ја следат ситуацијата околу младиот фудбалер, кој важи за еден од најперспективните играчи во академијата на аргентинскиот гигант. Она што особено го привлекува вниманието на Манчестер сити е неговата откупна клаузула. Флорес во актуелниот договор има поставено клаузула од само 15 милиони евра, сума која за клуб со финансиската моќ на англискиот шампион не претставува голем проблем.
Токму затоа челниците на Бока јуниорс се загрижени дека би можеле да останат без својот талентиран фудбалер. На „Бомбонера“ веќе работат на нов договор со Флорес, со цел постоечката клаузула да биде отстранета или значително зголемена.
Манчестер сити во последните години често се насочува кон млади фудбалери од Јужна Америка, а клубот има развиено стратегија за пронаоѓање на таленти уште пред нивната пазарна вредност значително да порасне.