Познати се паровите за 1/16 финалето во Купот на Македонија
Оваа фаза ќе донесе 15 натпревари, а единствен кој е слободен и со место во следната фаза е бранителот на трофејот Силекс.
Натпреварите ќе се одиграат на 1 или 2 септември со исклучок на дуелите помеѓу Крошу Спорт Битола – Тиквеш и Могила – Арсими кои ќе играат на 24 септември.
Според правилата, се до финалето ќе се игра само еден натпревар, а доколку нема победник веднаш ќе се изведуваат пенали.
ПАРОВИ ЗА 1/16-ФИНАЛЕ:
Овче Поле Свети Николе – Вардар
Победа Валандово – Струга Трим Лум
Крошу Спорт Битола – Тиквеш 1930
Могила 2023 – Аресими 1973
БВК Коњари – Башкими 1947
Студеничани – Пелистер
Венец Неготино – АП Брера Струмица
Влазними Јуниор – Македонија ЃП 1932
Вардар Неготино – Работнички
Каменица Саса – Шкупи 1927
Тетекс 1953 – Брегалница 2008
Кожуф Гевгелија – Скопје
Детонит Плачковица – Шкендија 77 Арачиново
Новаци 2005 – Охрид Лихнидос
Осогово – Беласица