Прекрасен гест: Трабзонспор го доведе во Турција најголемиот фан на Салах (ВИДЕО)

Турскиот гигант Трабзонспор направи прекрасен гест откако на младиот навивач Исак Кирни му обезбеди нова средба со неговиот идол.

Исак го привлече вниманието со својата љубов кон Ливерпул и Салах, поради што англискиот клуб му приреди неколку посебни моменти, вклучително и средби со Салах и други фудбалери.

Кога Салах летово го напушти Ливерпул и премина во Трабзонспор, Исак јасно стави до знаење дека неговата поддршка за фудбалерот ќе продолжи.

Челниците на Трабзонспор дознаа за тоа и одлучија да му овозможат повторно да го види својот фудбалски херој. Клубот организирал Исак и неговото семејство да отпатуваат од Англија во Трабзон и да му приредат изненадување на Египќанецот кој не бил информиран дека Исак доаѓа во Турција.

Видеото на клубот го следи патувањето на семејството и нивното пристигнување во Турција, а потоа го прикажува Исак како пристигнува на тренинг-центарот на Трабзонспор.