Мурињо: За Ламин Јамал нема место во Реал Мадрид - дури и да сака!
Португалскиот стратег доби директно прашање дали би сакал да го види Јамал на „Сантијаго Бернабеу“, а неговиот одговор беше категоричен.
„Тој е многу добар фудбалер, но не би го ангажирал. Ние веќе ги имаме најдобрите играчи. Сега тие се мои момци, а моите момци се најдобри“, изјави Мурињо.
„Специјалниот“ не ги оспорува квалитетите на шпанскиот репрезентативец, кој и покрај младоста веќе има огромно искуство и титула европски шампион со својата репрезентација. Сепак, Мурињо потенцира дека целосно им верува на фудбалерите кои во моментов ги има на располагање во Реал.
Јамал одамна е на радарот на најбогатите европски клубови, но Барселона направи сѐ за да ја осигури иднината на својот најголем бисер. Младиот ас има договор со каталонскиот гигант до 30 јуни 2031 година, а во него е вметната фантастична откупна клаузула од една милијарда евра, со која Барселона практично испрати порака до сите заинтересирани дека нема намера да се откаже од својата суперѕвезда.