Дарио го освои 46. место на Европското првенство во Бирмингем
Дарио во одлична форма пристигна во Бирмингем и трката ја заврши за време од 2:22:39 што е повеќе од 14 минути послабо од неговиот личен рекорд.
Победник на маратонот и нов европски шампион беше Германецот Петрос кој заврши со време од 2:09:11 и постави нов рекорд на оваа патека. Веднаш зад него со седум стотинки заостанување беше Италијанецот, Рива, а бронза прослави Ајаал Израел со десет стотинки заостанување.
Кај дамите со 2:22:26 најбрза беше Алиша Ваинио која издоминира на патеката и зад себе ја остави Лили Ана Виндих од Унгарија со 2:27:26, додека трета заврши домашната натпреварувачка Аби Донли со 2:27:33.
Фото: Дарио Ивановски/ФБ