Тиквеш остана без муниција, Шкендија Арачиново ја слави првата победа (ВИДЕО)
Тиквеш прв почна да се заканува кон голот на гостите, меѓутоа Шкендија Арачиново успешно се бранеше од опасните напади на ривалот.
Шкендија Арачиново успеа да го казни ривалот со гол во 27. минута кога Марко Симоновски погоди за предност од 1-0. Голот може да се погледне ТУКА.
Кавадарчани со сите сили во продолжение од средбата тргнаа по израмнување, меѓутоа Шкендија Арачиново успешно се бранеше и го зачува водството.
По три одиграни кола, Тиквеш е втор со шест поени, додека Шкендија Арачиново е на петтата позиција со четири бодови.
Фото: Шкендија Арачиново