Eден од најдобрите македонски млади кошаркари ќе игра за ТФТ

Eкипата на ТФТ Скопје потпиша договор со еден од најдобрите македонски млади кошаркари, Григориј Ѓорѓевиќ.

Станува збор за кошаркар кој настапи за репрезентацијата до 18 години на недоамнешното Европско првенство и беше помеѓу најдобрите со просек од 13.4 поени, 4.7 скокови и 6.4 асистенции по натпревар.

Исто така тој беше и трет најдобар асистент на комплетното првенство. Својот квалитет го потврди и со признанието за МВП на финалниот турнир до 18 години за екипата на КК Вардар.

Посебно блесна во финалето каде што постигна 25 поени, а додаде и уште девет асистенции и осум скокови.

Фото: ФИБА