Работнички промовираше десет засилувања пред почетокот на сезоната!

Утре почнува новата сезона во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ), една од екипите која ќе се бори за највисок пласман е Работнички.

Целта на Работнички е експресно да се врати во Првата лига, раководството се обидува да создаде конкурентен тим.

Од клубот објавија дека имаат десет нови фудбалери за новата сезона.

Дамјан Спасовски, Андреј Кудијан, Христијан Пецов, Виктор Серафимовски, Христијан Митровски, Христијан Поп-Антоски, Давид Манасиевски, Александар Богданоски, Амар Хаџибулиќ, Мартин Мисердовски (не е на фотографијата), се новите играчи.

Клубот од Дебар Маало остава простор и за уште некој нов играч до крајот на преодниот рок.