Халанд не може да биде капитен на Сити поради правило на Мареска

Тренерот на Манчестер сити, Енцо Мареска кажа дека напаѓачот Ерлинг Халанд не може да биде капитен на поранешниот англиски и европски шампион.

Мареска објасни зошто нема да му ја даде капитенската лента на норвешкиот голгетер, иако тој е еден од најважните фудбалери во тимот.

„Во Лестер и Челси имав посебно правило. Кога ќе постигнеме гол, нашиот капитен доаѓаше на клупа, но не да слави, туку да добие инструкции. Меѓутоа, ако капитенот постојано дава голови, тогаш тој би славел. Ако Ерлинг е наш капитен, тогаш ќе имаме проблем“, објасни Мареска.

Фото: Manchester City/Facebook