Лејкерс доби нови газди: Клубот продаден за рекордни 12 милијарди долари!
Американските бизнисмени Џош Кушнер и Боб Ајгер постигнаа договор за преземање на Лејкерс за повеќе од 12 милијарди долари.
Кушнер и Ајгер претходно биле заинтересирани за можноста за проширување на НБА во Лас Вегас, меѓутоа се премислиле и решиле да купат еден од најпознатите клубови.
Интересно е тоа што Лејкерс и минатата година постави рекорд, кога Марк Волгер го презема клубот од семејството Бас за сума од 10 милијарди долари.
Фото: Facebook/Los Angeles Lakers