Славен Белупо победи, Нестор еден од најзаслужните - третпат сезонава стрелаше! (ВИДЕО)

Македонскиот напаѓач Илија Несторовски беше еден од најзаслужните за триумфот на Славен Белупо над Локомотива од 2-1.

Тимот на Несторвски нема најдобар почеток на сезоната и во шестото коло дојде само до втората победа, додека македонскиот напаѓач го постигна својот трет сезонски гол.

Несторовски во листата на стрелци се запиша во 53-тата минута кога најдобро се снајде по еден изведе корнер и зголеми на 2-0. Локомотива до крајот успеа само да го намали резултатот.