Нова бајка во Шведска: Клуб без ниту еден трофеј во 120 години гази кон титулата!

Шведскиот фудбалски клуб Сириус се наоѓа пред испишување историја, бидејќи има можност да ја освои својата прва шампионска титула во најсилното домашно првенство.

Екипата од Упсала, која е формирана пред 120 години, во своите витрини нема ниту еден голем трофеј, а најблиску до пехар била пред речиси точно еден век (1924 година), кога стигнала до финалето на Купот на Шведска. Оттогаш, клубот бележел успеси исклучиво во пониските натпреварувачки рангови, освојувајќи ги втората, третата и четвртата лига. Овој потенцијален успех доаѓа само една година откако шведскиот фудбал забележа слична ситуација со шампионската титула на Мјалби, клуб кој доаѓа од место со само 1.500 жители.

За да го реализира овој историски потфат, Сириус во моментов одржува предност од девет бода пред второпласираниот Хамарби на десет кола до крајот на првенството Алсвенскан. Лидерот на табелата ја зацврсти својата позиција изминатиот викенд со победата на гостувањето кај Вестерос (1-0).

Овој триумф доаѓа по резултатската криза во која се наоѓаше Сириус, откако на претходните четири натпревари забележа едно реми против Бромапојкарна и три порази од Мјалби, Хакен и Малме. Патот кон врвот им беше дополнително олеснет бидејќи Хамарби претрпе пораз во градското дерби против АИК. Доколку ја задржи резултатската константност, постои можност прашањето за шампионот да биде решено уште пред претпоследното коло, кога е закажан директниот дуел токму против екипата на Хамарби.