Роналдо не заборави на Меси во тешките денови: Лео, биди силен! (ФОТО)

Лионел Меси поминува низ најтешкиот период во неговиот живот откако остана без својот татко кој ја загуби битката со тешката болест, а порака за поддршка Аргентинецот сега доби и од својот голем ривал од фудбалските терени, Кристијано Роналдо.

Меси денеска за првпат, неколку дена по смртта се огласи со емотивна порака, под која набрзо коментираше и Роналдо.

„Голема прегратка за тебе и твоите најблиски во овие тешки моменти. Лео, биди силен“, стои во пораката на Португалецот.

Двајцата водеа големи битки на фудбалските терени, најмногу додека Португалецот беше член на Реал Мадрид, а Меси на Барселона, сепак тоа не беше пречка за Роналдо да пружи порака и да покаже дека некои работи се поважни од фудбалот.