Се разделија Ристовски и Сараево!

Искусниот македонски фудбалер Стефан Ристовски се раздели со Сараево и кариерата ќе ја продолжи на нова дестинација.

Босанскиот клуб разделбата со Ристовски ја потврди преку социјалните мрежи.

„На Стефан му посакуваме многу среќа и успех во продолжението од професионалната кариера“, кратко порачаа од Сараево преку официјалните канали.

Ристовски во Сараево пристигна пред две години од Динамо Загреб, а претходно беше дел уште од Ријека, Спортинг, Специја, Парма Латина, Фросинине, Кротоне, Бари и Вардар каде што ја почна кариерата.

Засега не е познато каде Ристовски ќе продолжи.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by FK Sarajevo (@fk_sarajevo)