Европскиот елитен фудбал се враќа: ПСЖ и Астон Вила играат Суперкуп во Салцбург!
Одморот заврши, европскиот елитен фудбал се враќа на сцената, а завесата ќе се крене со дуелот од Суперкупот на УЕФА меѓу освојувачот на Лигата на шампионите, ПСЖ и победникот во Лига Европа, Астон Вила.
Тренерите Луис Енрике и Унаи Емери ги немаат на располагање сите фудбалери, играчите кои поради Светското првенство беа подолго на одмор, нема да бидат во комбинација за настап, а тие се дел од најдобрите.
„Среќни сме што му се враќаме на фудбалот по малиот одмор. Трениравме две седмици и сега ќе се обидеме да се покажеме во најдобро светло на теренот. Сакаме да освоиме сè, но тешко е постојано да победувате. Ќе видиме каков натпревар ќе биде и во каква состојба ќе бидат двата тима. Оваа камапања ја почнуваме со иста амбиција и иста желба“, рече Луис Енрике пред мечот.
Тренерот на Астон Вила, Унаи Емери имаше големи пофалби за Луис Енрике.
„Не треба да се трошат зборови за шпанските тренери. Со должна почит кон Гвардиола и Артета, мислам дека Луис Енрике е најдобар во моментот. Среќен сум во Бирмингем, гледам како напредува тимот и работам секојдневно да напредуваме. Играчите се мотивирани и знаат дека тука сме затоа што заслужуваме да бидеме тука. Освоивме европски трофеј минатата сезона и тоа не е мала работа. Минуваме тешки моменти, немаме најдобар буџер и заминаа некои клучни фудбалери. Нема да играат Колса, Воткинс и Мартинез затоа што уште се на одмор. Но,верувајте ми - ние ќе бидеме компетитивни“, рече Емери.