Ѓоковиќ го дозна патот до титулата во Синсинати – почнува против анонимус!
Тој во второто коло ќе игра против подобриот од пресметката меѓу Аргентинецот Тијаго Агустин Тиранте и Британецот Јан Чоински, а веќе во третата рунда конкуренцијата би можела значително да се засили, бидејќи потенцијални противници на Србинот се Џек Дрејпер, Матео Арналди и Мартин Ландалуче.
Ако успешно ја мине и оваа пречка, во осминафиналето би можел да се сретне со Чехот Јакуб Меншик или Италијанецот Лучано Дардери, додека проектиран противник во четвртфиналето му е Австралиецот Алекс де Минор. Според ждрепката, најголемиот предизвик пред евентуалното финале би требало да биде Александер Зверев. Германецот е потенцијален противник на Ѓоковиќ во полуфиналето.
Во другата половина од ждрепката се наоѓаат Феликс Оже-Алијасим, Данил Медведев, Тејлор Фриц, Бен Шелтон и Лоренцо Музети, па со некој од нив Ѓоковиќ би можел да се сретне единствено во борбата за трофејот. Синсинати е турнир на кој Србинот има одлични резултати. Досега трипати го освојуваше трофејот, во 2018, 2020 и 2023 година, а неговиот вкупен биланс на турнирот изнесува 45 победи и 12 порази.
Мастерсот во Синсинати ќе се игра од 13 до 23 август.