Ѓорческа со неочекуван пораз елиминирана во Куршмулиска Бања
Ѓорческа влезе како фаворитка во дуелот бидејќи е многу подобро рангирана на ВТА листата, сепак Русинката прикажа подобра игра и дојде до победата.
Во првиот сет Ѓорческа освои само три гема (6-3), додека вториот го заврши со еден помалку (6-2).
На ВТА листата Ѓорческа во овој момент се наоѓа на 223. место, додека Паншина која до победата дојде за еден час и 35 минути игра е 369. тенисерка во светот.