Работнички заврши голема работа, го задржа најдобриот од минатата сезона!
Денеска Работнички потврди дека официјално ја продолжил соработката со Ефремовски кој се обврза на верност од најмалку уште една година, иако имаше понуди од странство.
Изминатата сезона тој ја заврши со просек 22 поени што не е забележано досега во историјата на македонската кошарка, а кулминација на неговите одлични настапи беше дуелот со Маџари во кој постигна 50 поени. Ефремовски е трет кошаркар кој го продолжи договорот со Работнички ова лето, по Дамјан Робев и Лука Петровски.
Покрај задржувањето на некои од најважните кошаркари, Работнички ги доведе уште Фатјон Реџа од Чаир и Дерин Говенс од ТФТ, а заедно со Рикиќ, Костоски и Филип Наков, тимот веќе има осуммина квалитетни кошаркари во ростерот со кои се надева дека ќе успее да стави крај на доминацијата на МЗТ во македонската кошарка.
Според најавите пред почетокот на сезоната, Работнички има намера да се засили барем со уште еден странец, меѓутоа претходно треба да ги подмири дологовите кон поранешните кошаркар за ФИБА да ја тргне суспензијата.