Хаос по драмата во Норвешка: Фудбалер на Унион нокаутирал вработен во Бодо/Глимт 

Немили сцени беа забележани по драматичниот реванш во третото квалификациско коло од Лигата на шампиони (ЛШ) меѓу Бодо/Глимт и Унион Сент-Жилоа.

Норвежаните по продолженија триумфираа со вкупни 6-5, а по натпреварот имаше тензии на теренот, при што еден фудбалер на Унион со бокс удрил вработен во администрацијата на Бодо/Глимт.

Според информациите, вработеното лице во норвешкиот тим не е посериозно повредено, но екипата побара реакција од УЕФА и казна за насилството.