Нова ѕвезда во турскиот фудбал: Лукаку се пресели во Истанбул!

Искусниот белгиски напаѓач Ромелу Лукаку ја заврши соработката со Наполи и кареирата ја продолжува во Фенербахче.

Лукаку доби јасна порака дека во Наполи нема да биде прв избор во нападот, па поради тоа Белгиецот реши да ја промени средината.

Напаѓачот ги одби понудите од Саудиска Арабија и МЛС-лигата, па потоа се договори со Фенербахче, кој ќе плати шест милиони евра за трансферот.

Турските екипи продолжуваат со звучните засилувања откако во изминатиот период повеќе ѕвезди се преселија, меѓу кои е и Мохамед Салах.

Фото: Fenerbahçe/Facebook