Македонски репрезентативец ќе игра за клубот на Тони Паркер

Македонскиот репрезентативец Нејт Сестина во наредната сезона ќе игра во Евролигата и тоа за тимот на Асвел кој денеска го потврди неговиот ангажман.

Сестина така се приклучува на тимот предводен од славниот Тони Паркер, македонскиот репрезентативец стави потпис на договор од две години.

Американецот кој дебитираше за нашата репрезентација летово претходно беше дел и од Фенербахче, додека минатата сезона настапуваше за Олимпија Милано во Италија.