Синер се повлече од Синсинати, Ѓоковиќ има отворен пат кон титулата

Најдобриот тенисер во светот, Јаник Синер го откажа настапот на мастерсот во Синсинати, а тоа е одлична шанса за Новак Ѓоковиќ.

Шампионот на Вимблдон нема да настапи на Синсинати поради проблеми со коленото, а веќе од турнирот се повлече и Карлос Алкараз.

Со отсуството на двајца од најдобрите тенисери во светот на Ѓоковиќ му се отвора патот кон титулата во Синсинати.