Пелистер доби големо засилување: Убиствен поентер од САД пристигна во Битола!
Станува збор за 23-годишен кошаркар, висок 196 сантиметри, кој зад себе има забележителна универзитетска кариера во САД и во Битола пристигнува со епитет на еден од главните адути на тимот во претстојната сезона. Во текот на петте сезони во американската колеџ-лига, Мекдауел одигра 92 натпревари, на кои постигна вкупно 1.519 поени, а статистиката ја надополни со 317 скокови и 184 асистенции. Во просек бележеше 16,5 поени, 3,4 скока и две асистенции за нешто помалку од 27 минути поминати на паркетот.
Најдобрата сезона во кариерата ја имаше во натпреварувачката 2024/25, кога во дресот на Нортвестерн Оклахома Стејт просечно реализираше 27,3 поени, 4,7 скока и 2,7 асистенции по натпревар. Мекдауел беше пријавен и на НБА-драфтот во 2025 година, по што се врати во колеџ-кошарката, каде што повторно имаше одлични настапи. Во редовите на Тарлетон беше меѓу најдобрите стрелци на тимот, а благодарение на одличните партии доби место и во една од двете идеални петорки на конференцијата.