Можеби на Барса не ѝ треба Алварез - има чудо од напаѓач во Ла Масија

Барселона можеби не мора да бара нов напаѓач на трансфер-пазарот, бидејќи во своите редови веќе има огромен талент кој сè повеќе го привлекува вниманието на фудбалската јавност.

Во пријателскиот натпревар против Бирмингем (2-2), во центарот на вниманието беше младиот напаѓач Хамза Абделкарим, кој ги постигна двата гола за каталонскиот гигант и уште еднаш покажа дека поседува огромен потенцијал.

Станува збор за само 18-годишен фудбалер, кој потекнува од прочуената академија „Ла Масија“ и важи за еден од најталентираните напаѓачи што Барселона ги има создадено во последните години. Со одличното движење, чувството за гол и сигурната реализација, Абделкарим веќе заработи бројни пофалби од шпанските медиуми и навивачите.

Стручниот штаб на Барселона сериозно смета на него во иднина, а настапите на подготовките покажуваат дека клубот би можел да добие напаѓач кој ќе биде долгорочно решение во офанзивата.

Иако е рано за големи прогнози, настапот против Бирмингем дополнително ги засили очекувањата дека Барселона во својата академија веќе има „златна деветка“ која во наредните години би можела да стане еден од носителите на играта на каталонскиот клуб.