Гатузо го избрка најскапиот фудбалер на Лацио од тренинг! (ВИДЕО)

Тренерот на Лацио, Џенаро Гатузо го избрка Кенет Тејлор од тренингот кој се одржа утрово, а снимката се појави на социјанлите мрежи.

Гатузо го прекина тренингот и луто гестикулираше кон фудбалерот, по што му нареди да оди во соблекувална.

Засега не е позната причината за конфликтот меѓу тренерот и фудбалерот, но ова дефинитивно предизвика „потрес“ во Рим.

Според „Трансфермаркт“, Тејлор е најскап фудбалер на Лацио и неговата вредност се проценува на 25 милиони евра.