Шок за Њукасл: Тренерот поднесе оставка пред стартот на сезоната!

Навивачите на Њукасл останаа во шок откако тренерот Еди Хау реши да го напушти кормилото на премиерлигашот пред почетокот на сезоната.

Екипата неодамна ги почна подготовките за новата сезона, но денеска пристигнуваат неочекувани вести од „Сент Џејмс Парк“.

Англиските медиуми пишуваат дека Хау бил изморен од интензивниот тренерски ангажман и сметал дека е вистинско време да го напушти клубот.

Во моментов главен кандидат за тренерската позиција во Њукасл е германскиот стратег Матијас Јаисле.

Фото: Newcastle United