Австралиски спринтер испиша историја - стана најбрзиот белец на сите времиња (ВИДЕО)
Тој со овој резултат го освои сребрениот медал на Игрите на Комонвелтот во Глазгов, а воедно постави и нов национален рекорд на Австралија. Досегашниот најдобар резултат меѓу белите спринтери изнесуваше 9,89 секунди, а го држеше Американецот Сем Блашковски, кој го постави претходно оваа година. Австралиецот успеа да ја помести границата за уште четири стотинки и да испише нова страница во атлетската историја.
За Австралија ова е само втор медал во историјата на трките на 100 метри на Игрите на Комонвелтот. Претходно единствено Мајкл Клири успеал да се искачи на победничкиот пиедестал, освојувајќи бронзен медал.
„Времето од 9,85 секунди е неверојатно. Пресреќен сум што конечно го соборив националниот рекорд. Ова е само почеток и немам намера да застанам тука“, изјави Кенеди по историската трка.
ФОТО: X / @DrewPavlou