Роналдо в сабота го става најважниот потпис во неговиот живот!

Според последните информации од португалските медиуми, Кристијано Роналдо и Георгина Родригез в сабота ќе ја крунисаат својата долгогодишна љубов со венчавка.

Најавите не се официјално потврдени, меѓутоа исто така двојката и не демантираше. Наводно, Георгина сакала тоа да биде интимина прослава со помал број на гости, а не јавен спектакл.

Сепак, и покрај големата желба за приватност се пишува и за дел од гостите кои ќе бидат поканети. Од активните фудбалери се најавува присуство на Мбапе, Винисиус и Родриго од Реал Мадрид, иако Роналдо со нив не јаделеше осблекувалната додека го носеше дресот на „кралевите“.

Засега не е познато и дали покана добиле неговите сегашни соиграчи од Ал Наср. Покрај спортските личности најавено е приство на бројни познати имиња како: Ван Дизел, Ријана, Џенифер Лопез, Дрејк, Хабиб Нурмагомедов, Пирс Морган...

Ќе потсетиме, парот е заедно од 2016 година, а љубовта започна по една нивна средба во продавница за облека каде што Георгина тогаш работела како продавачка.