Серафимов со Левски сигурно ќе има европска есен!

Maкедонскиот репрезентативец Никола Серафимов со својот Левски Софија си обезбеди европска есен откако вечерва ремизираа 2-2 против Универзитет Крајова во квалификациите за Лигата на шампионите.

Пласманот во третото коло од квалификациите за најелитното европско натпреварување значи дека бугарскиот шампион сигурно ќе игра во едно европско натпреварување дури и да ги загуби наредните средби.

Ремито за Левски беше доволно поради победата од 1-0 во првиот натпревар. Вечерва Левски поведе со 2-0, меѓутоа на крајот му дозволи на противникот да се врати во дуелот и да израмни.

Серафимов го почна дуелот како стартер и одигра едно полувреме во кое заработи жолт картон.