Ларне не е дораснат за Звезда, прими девет гола во два натпревари (ВИДЕО)

Фудбалерите на Црвена звезда многу лесно ја оправдаа фаворитската улога против Ларне од Северна Ирска во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите славјеќи со 5-0 на вториот натпревар.

Работата избраниците на Дејан Станковиќ ја завршија уште во првиот дуел во кој на гости славеа со 4-0.

Денеска пред својата публика беа уште поубедливи, серијата ја отвори Катаи по три минути игра, а по повеќе пропуштени прилики, Арнаутовиќ во самиот финиш од првиот дел стрелаше за 2-0.

Во вториот дел Арнаутовиќ постигна уште еден погодок, додека уште по еднаш стрелаа Лоизу и Букари за конечни 5-0.

Звезда во следната рунда ја чека двомеч против екипата на Хапоел Бер Шева.

Останати резултати: *Каират – Омонија 1-0 (пенали 6-5) *Жалгирис – Клаксвик 1-0 Лех – Архус* 1-4 (пенали 3-4) *Хапоел Бер Шева – Винкингу Рејкавиќ 2-0 Универзитет Крајова – Левски* 2-2 Горник Забрже – Фенербахче* 1-1 *Слован Братислава – Ибериа 1-1