Брегалница бара мечот против Арсими да се игра под рефлектори во Штип
Брегалница веќе испратила официјално барање до ФФМ за дуелот да биде закажан во вечерен термин и да се одигра под рефлектори.
Иницијативата на Брегалница е поднесена од раководството, но е во согласност со желбите на навивачите на македонскиот прволигаш.
ФФМ наскоро треба да донесе одлука и да го потврди конечниот термин за натпреварот, по што од клубот најавија дека ќе ја информираат јавноста.
„Раководните луѓе во клубот поднесоа барање до Фудбалската Федерација на Македонија, мечот од второто коло во ПМФЛ против екипата на Арсими да се одигра во вечерен термин под рефлектори. Искрено се надеваме дека федерацијата ќе го прифати нашето барање, кое всушност е барање и на нашите верни фанови и поддржувачи. Благовремено ќе Ве известиме за одлуката на ФФМ и конечниот термин за мечот против Арсими“, велат од Брегалница.
Брегалница го почна првенството со пораз од Вардар (0-2), додека Арсими загуби со 1-5 од Тиквеш.
Фото: Брегалница ФК