УЕФА со Ал Келаифи ќе го руши Инфантино од чело на ФИФА

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ја разгледува опцијата Насер Ал Келаифи да биде предложен како противкандидат на Џани Инфантино за претседателската позиција во Светската фудбалска федерација (ФИФА).

Светските медиуми претходните денови објавија дека Инфантино сака да создаде компанија преку која ќе биде продаден удел на приватни инвеститори за Светското првенство (СП), а тоа предизвика бурна реакција од УЕФА.

УЕФА планира да ја искористи ситуацијата која ја создаде Инфантино, а со тоа да предложи противкандидат кој може да го урне од врвот на ФИФА.