Франција пресилна за Македонија: Втор пораз за кадетите на ЕП
Македонија даваше отпор на стартот на натпреварот, по што Франција ја презема контролата и на полувреме замина со водство од 20-13.
Франција доминираше и во вториот дел, додека Македонија не успеа да фати ритам и да ја намали негативата до крајот на средбата (25-36).
Најефикасен кај Македонија беше Бобан Поповски со шест голови, додека Боисне-Нок запиша седум погодоци за Франција.
Македонија го игра третиот меч на ЕП на 1 август против Шведска.
Фото: РФМ