Ѓоковиќ откри на кој турнир ќе настапи пред УС Опен (ВИДЕО)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ потврди дека ќе настапи на мастерс-турнирот во Синсинати, а тоа ќе биде негово враќање по легендарното финале против Карлос Алкараз во 2023 година.

Ѓоковиќ претходно го пропушти турнирот во Монтреал за да одмори и да се подготви за завршницата од сезоната, а токму на Синсинати ќе се „загрева“ за УС Опен.

На списокот со учесници за турнирот се наоѓаат и Јаник Синер, Карлос Алкараз, Александер Зверев и останатите ѕвезди од светскиот тенис.

Турнирот во Синсинати се игра од 13 до 23 август.

Фото: Wimbledon