Официјално: Челси го промовира новото засилување од 61 милион евра!

Англискиот гигант Челси потврди уште еден трансфер за новата сезона, а тоа е францускиот дефанзивец Максенс Лакроа, кој доаѓа од редовите на Кристсал Палас.

„Сините“ за потписот на Лакроа платија неверојатни 61 милион евра, а се очекува францускиот репрезентативец да внесе стабилност во одбраната на Челси, кој имаше сериозни проблеми во минатата сезона.

Лакроа потпиша договор со Челси до 2032 година, а лондонскиот клуб потврди дека за следната сезона има сериозни амбиции.