Шкендија оди по триумф над Браво за продолжување на европската авантура
На првиот натпревар во Словенија, Шкендија имаше добар почеток и водство од 1-0, меѓутоа Браво успеа да се соземе по почетниот шок и со пресврт да слави со 2-1.
Македонскиот вицепрвак во натпреварот против Браво влегува со голема самодоверба откако имаше одличен старт на сезоната во Првата лига, односно го декласира Скопје со 3-0.
Шкендија, исто така, очекува голема поддршка од трибините затоа што претходно ги повика фановите да дојдат на стадионот бидејќи влезот е бесплатен.
Екипата од Тетово е единствен останат македонски претставник во моментов во Европа, откако претходно беа елиминирани Силекс и Вардар.
Реваншот меѓу Шкендија и Браво е закажан за вечерва од 20 часот, а директен пренос ќе има на МРТ2.
Фото: ФК Шкендија