Бразилско засилување за Тиквеш, Ренетињо ќе игра во Кавадарци
Станува збор за 21-годишен десен бек, кој важи за играч со солидни технички способности и во клубот очекуваат да донесе квалитет.
„Млад, технички квалитетен и гладен за успех, тој доаѓа во Кавадарци за да биде дел од новото поглавје на ГФК Тиквеш. Веруваме дека со својата енергија, талент и посветеност ќе придонесе за успесите што ги градиме заедно“, соопшти Тиквеш.
Кавадарчани во новата сезона влегоа на одличен начин, откако во премиерното коло убедливо го совладаа Арсими со 5-1 на домашен терен.