Чешкиот претседател ќе биде фотограф на денешната трка во Унгарија

Претседателот на Чешка, Петр Павел, викендов пристигна на патеката „Хунгароринг“ за Големата награда на Унгарија во Формула 1, но не во улога на шеф на државата.

Доколку некогаш сте се запрашале како светските лидери го минуваат слободното време, Павел има необично хоби, спортската фотографија, а особено е вљубеник во автомобилизмот.

Тој присуствуваше на саботните сесии од тркачкиот викенд со комплетна фотографска опрема и официјална акредитација од Меѓународната автомобилистичка федерација На патеката фотографираше заедно со чешкиот фотограф на Формула 1, Јиржи Кренек.

Ова не е првпат чешкиот претседател да биде забележан на голем автомобилски настан во улога на аматерски фотограф. Во јуни беше присутен и на легендарната трка „24 часа Ле Ман“ во Франција, каде повторно се појави со својата професионална фотографска опрема. 

Денешнта трка е закажана со почеток во 15:00 часот.