Мирчевски го спаси Пелистер од пораз против Камјани - старт со кикс!
Битолчани сакаат експресно да се вратат во Првата лига и важат за најголеми фаворити за првото место. Но, резултатот од првото коло кажува дека мисијата нема да биде лесна.
Камјани поведоа во 31. минута со гол на Трпески. Тоа беше резултат од првото полувреме.
Пелистер беше блиску до пораз, но Мартин Мирчевски постигна гол во 86. минута од пенал и израмни на 1-1.
Битолчани изегнаа пораз, но не може да бидат задоволни од резултатот.