Барса и Сити конечно си подадоа рака - трансферот на Родри е договорен!
Родри веќе некое време имаше постигнато договор со Барселона, но на двата клуба им требаше подолго време за да се договорат за обештетувањето.
Вечерва стигнува информацијата дека конечно паднал договор меѓу Манчестер Сити и Барселона.
Сега останува Родриго да отпатува во Барселона, да ги мине медицинските прегледи и да го комплетира трансферот.