Абутовиќ: Сакам Гробарите да бидат како Комити и Чкембари!
Ова е враќање за Абутовиќ во Партизан, тој го носеше црно-белиот дрес и во периодот од 2007 до 2010 година. Сега проектот е многу поголем, тренер е легендарниот Раул Гонзалес со кој тој ја освои Лигата на шампионите.
Партизан ќе игра во елитното натпреварување, а Абутовиќ се надева дека на нивните натпревари ќе ја имаат поддршката од Гробарите како што тоа се случуваше на мечевите кои ги играше за Вардар и Пелистер.
„Се сеќавам во првиот мандат кога бев играч на Партизан, кога Гробарите доаѓаа, каква беше атмосферата... не беа во голем број, но пак убаво е кога е громогласна поддршката. Сега е голема шанса да се вратат навивачите на голема врата во ракометот, да не бодрат во најсилното натпеварување. Од искуството во Вардар и Пелистер знам какво влијание имаат навивачките групи на резултатите, како подобро игравме кога имавме голема поддршка од трибините. Сигурен сум дека и Гробарите оваа сезона ќе бидат важен фактор“, рече Абутовиќ во интервју за „Моцарт Спорт“.