Три од три за Шкендија, Брегалница храбро падна! (ФОТО)

Шкендија со 4-1 ја победи Брегалница во мечот кој се играше во тренинг центарот „Петар Милошевски“ при ФФМ, тетовскиот тим е единствениот со максимални три победи по првите три кола. Резултатот од овој меч, не е слика на случувањата на теренот.

Трет меч за Шкендија и трета победа, црвено-црните од Тетово се осамени на врвот на табелата во Првата македонска фудбалска лига.

Шкендија се мачеше да ја пробие Брегалница која одлично се бранеше. Во првото полувреме тетовскиот тим имаше неколку добри шанси за гол, но не успеа да погоди.

Работите се променија по 15 минути игра во вториот дел кога Трумчи постигна гол за водство на Шкендија од 1-0.

Откако ја отворија Брегалница, беше полесно за Шкендија. Само пет минути подоцна Красничи даде гол за 2-0.

Пред самиот крај на натпреварот Стојанов постигна фантастичен гол за Брегалница и намали на 2-1.

Во судиското продолжение Нзенге даде мајсторски гол за водство на Шкендија од 3-1, веќе беше јасно дека нема да има изненадувања, но тоа не беше се.

Падна уште еден гол во судиското продолжение, беше досуден пенал за Шкендија кој го реализираше Зејнулаи за конечни 4-1.

ПМФЛ 3. коло

Арсими - Башкими 1-0
Силекс - Скопје 3-0
Тиквеш - Шкендија (А) 0-1
Струга - Вардар 1-0
Шкендија - Брегалница 4-1

Табела: Шкендија 9, Силекс 7, Струга 7, Тиквеш 6, Шкендија (А) 4, Брегалница 3, Вардар 3, Арсими 3, Скопје 1, Башкими 0.