Сара Колак донесе европско злато за Хрватска, Србинката Вилагош е бронзена!

Денешниот последен ден на Европското првенство во атлетика донесе интересна битка во фрлање копје кај дамите, хрватската атлетичарка Сара Колак стана шампионка на континентот.

Колак до златото дојде откако го фрли копјето на должина од 62.43 метри. Оваа далечина ја оствари веднаш во првата серија од финалето. Тогаш го презема водството и до крајот не го испушти.

Сребрениот медал ѝ припадна на Германката Јулија Улбрихт која фрли 61.53 метри, а бронзена беше Србинката Адриана Вилагош со должина од 60.93 метри.

За 31-годишната Колак ова беше прво злато на Европско првенство, претходно најдобар успех ѝ беше бронза од Амстердам 2016 година.

Најголемиот успех на Колак во кариерата е на Олимписките игри во Рио кога како 21-годишна атлетичарка направи вистинска сензација и го освои златото.

Македонија на ова Европско првенство беше претставувана само од Дарио Ивановски кој утринава го заврши маратонот на 46. место.