Сензација: Ленс со десет фудбалери го победи ПСЖ и го освои Суперкупот на Франција! (ВИДЕО)
Единствениот гол на мечот беше дело на Таувин во 32. минута по една одлична акција на Ленс.
Само седум минути подоцна Ленс остана со фудбалер помалку откако Антонио доби директен црвен картон.
Ленс едно полувреме беше со десет фудбалери, но не и до крајот на мечот. Мендеш во 87. минута доби црвен картон, па силите во последните минути беа израмнети.
Фудбалерите на Ленс ги издржаа последните напади на ПСЖ и на крајот сосема заслужено слави за нив огромна победа.
ПСЖ по освоениот Европски Суперкуп, не успеа да дојде и до славје во домашниот.