Ѓорческа ќе учествува во квалификациите за УС Опен!

По настапот на главниот турнир на Вимблдон минатиот месец, најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го пријави своето учество и на последниот Гренд слем во сезоната - УС Опен.

Нејзиното име фигурира на списокот на учесници, но местото во главната ждрепка ќе мора да го бара преку квалификациите, со оглед на тоа што се наоѓа на 214. место на ВТА листата. УС Опен ноќеска ги објави учесниците на турнирот во машка и во женска конкуренција, оние од 103. место надолу кај дамите ќе играат квалификации, со исклучок на тенисерките кои ќе добијат специјална покана.

Ѓорческа минатиот месец ги помина трите квалификациски пречки и првпат во кариерата играше на главниот турнир на еден Гренд слем. Во првото коло загуби од Американката, Аманда Анисимова која беше рангирана како шеста носителка, но тоа не го помати историскиот успех на нашата тенисерка.

Комплетниот список на тенисерки за УС Опен можете да го погледнете на овој ЛИНК.