Дарко Глишиќ ќе игра во Трета лига, потпиша за амбициозниот Илинден
Тимот на Илинден во изминатиот период доведе голем број засилувања, но и искусни и докажани членови кои ќе работат во стручниот штаб, а целта на тимот ќе биде место во Втората лига.
Во таква насока е и ангажманот на 34-годишниот десен бек кој во кариерата настапуваше во Вардар, Македонија Ѓорче Петров, Тетекс и Шкупи во Македонија, но градеше и интернационална кариера во Кипар, БиХ, Грузија и Бугарија, а последниот ангажман минатата сезона го имаше во редовите на Скопје.