Не беше како останатите: Само еден Аргентинец ги испочитува Шпанците (ВИДЕО)

Додека аргентинските фудбалери разочараа голем дел од светската фудбалска јавност со своето однесување по поразот во финалето на Светското првенство, еден репрезентативец покажа достоинство и човечност, поради што доби бројни пофалби.

Станува збор за Хозе Мануел Лопез, попознат како Флако, напаѓач на бразилски Палмеирас, кој на Светското првенство настапи на два натпревари и забележа една асистенција.

Откако Шпанија со 1-0 ја совлада Аргентина во финалето и ја освои светската титула, аргентинските репрезентативци тешко го прифатија поразот и останувањето без шампионскиот трофеј.

По последниот судиски свиреж следуваа тензични сцени и физичка пресметка на теренот, а за време на церемонијата на доделување на трофејот на шпанската репрезентација, аргентинските фудбалери покажаа недостиг од спортски дух и почит. Наместо достоинствено да го испочитуваат најважниот момент за противникот, тие свртеа грб на доделувањето на трофејот.

За разлика од своите соиграчи, Флако Лопез остана мирно да стои и со почит ја проследи прославата на новите светски шампиони. Неговиот потег беше во духот на фер-плејот, исто како што претходно шпанските фудбалери им направија шпалир на Аргентинците при доделувањето на сребрените медали.

Иако ваквиот гест би требало да биде сосема нормален во спортот, поради случувањата по финалето, постапката на Флако Лопез стана вирална на социјалните мрежи и беше поздравена од голем број фудбалски навивачи ширум светот.