Не се славеше во цела Шпанија, некаде и се протестираше (ВИДЕО)

Шпанија вторпат во историјата стана светски шампион во фудбал по победата над Аргентина со 1-0, големиот успех беше прославен во најголемиот дел од земјата, но има и делови каде што луѓето кои излегле на улиците да слават биле жестоко нападнати.

Во Баскија според информациите била собрана голема бројка луѓе кои се залагаат за отцепување на овој регион од Шпанија, а тие им дофрлувале на оние кои ја прославувале титулата.

Исто така медиумите пишуваат и дека вакви сцени освен во Баскија, имало и во делови на Каталонија.